Струмичката противпожарна служба информира дека синоќа повторно дојде до разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на с.Смолари, при што истиот интензивно се приближи кон црквата Св.Петар и Павле.
Веднаш после првите повици од жителите на с.Смолари, ТППЕ Струмица испратиле екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.
-Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото (висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват доста високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет), велат од Пожарникарската служба.
Пожарот избувна во неделата попладне. ТППЕ Струмица веднаш испрати 7 пожарникари-спасители со 2 теренски возила кои работеа цела ноќ на првата линија на пожарот. Иако во понеделникот, тој беше локализиран и ставен под контрола, сепак повторно активира.