Обожавателите на британското кралско семејство беа шокирани откако принцот Вилијам, зборувајќи за детството и сеќавањата, го допре и својот помлад брат, принцот Хари, што всушност е негово прво јавно спомнување по шест години.
Документарниот филм во два дела за принцот од Велс ќе биде прикажан на британската телевизија ITV следната недела. Под името „Принцот Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ ќе се емитува на 30 и 31 октомври, а за што повеќе да се зголеми гледаноста, телевизијата веќе почна да „пушта“ клипови од него.
Во документарецот, принцот Вилијам ќе се присети на своето детство и на еден особено незаборавен момент во кој учествувал неговиот помлад брат, принцот Хари.
Станува збор за моментот кога Вилијам за прв пат се соочи и го запозна со проблемот со бездомништвото од неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Дијана ги одведе него и Хари во „The Passage“, британска добротворна организација која им помага на оние кои можеби или веќе се бездомници.
„Мајка ми ме одведе во „The Passage“. Всушност, таа ги одведе и Хари и мене таму. Мислам дека имав 11 или можеби 10 во тоа време. Никогаш порано не сум бил на вакво место и бев малку загрижен бидејќи не знаев што ме чека таму“, вели Вилијам на снимката, за која се верува дека е неговата прва јавна референца за Хари по години.
„Мајка ми правеше сè како и обично, правејќи ги сите да се чувствуваат удобно. Таа се смееше и се шегуваше со сите. Беше неверојатно колку среќно опкружување беше тоа“.
Инаку, овој документарец, со кој принцот Вилијам ја продолжува својата мисија да стави крај на бездомништвото, нуди уникатен поглед на петгодишното патување на програмата Homewards, која има за цел да покаже дека бездомништвото во Велика Британија може да се искорени.