🎥Прво апсење за време на погребот на Алексеј Навални

од Vladimir Zorba
635 прегледи

Како што пренесува независниот руски портал Медуза, првото апсење се случило за време на погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Повеќе детали не се објавени, но на видеото што го објави порталот на својот канал Телеграм, може да се види како едно лице е однесено од полицијата во полна опрема.

Видеото го објави и Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, како и целото утро во делот на Москва каде што се одржува погребот, забележано е големо присуство на полицијата. Претходно беа објавени видеа на кои се гледа дека единиците опремени да ги разбијат демонстрациите ги опколија гробиштата, а независните медиуми во Русија исто така пишуваа дека на покривите се распоредени снајперисти.

Потсетуваме, Алексеј Навални почина откако, како што соопштија затворските власти, се онесвестил по утринската прошетка во затворската колонија, по што неуспешно бил реанимиран.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна за, меѓу другото, „основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности“, а беше познат како остар критичар на Кремљ и рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини