🎥Рамо до рамо со легенди: Дурант стана осмиот НБА играч кој достигнал 30.000 поени

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Кевин Дурант стана осмиот играч во историјата на НБА со 30.000 поени. 36-годишниот ветеран на Феникс Санс го забележа подвигот во поразот од Мемфис Гризлис со 112-119.

Дурент стигна до бројката од 30.000 поени со слободно фрлање доцна во третата четвртина и им се придружи на легенди како Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлен.

Дурант заврши со 34 поени, но неговите напори не му помогнаа на Феникс.

Слични содржини