🎥„Саутгејт работи и како полицаец“: Сцена во Германија ги шокираше Англичаните, сите снимaa

од Nikola Popovski
84 прегледи

Фудбалерите на Англија се пласираа во финалето на Европското првенство во Германија, а воведот во тоа финале беше необична сцена во средата попладне.

Натпреварот се играше на Сигнал Идуна Парк во Дортмунд, а навивачите на Англија на улица забележаа полицаец кој е речиси идентичен како и Герет Саутгејт, селекторот на „Трите лавови“.

Оттаму со воодушевување ја отпеаа преработката на познатата песна на Atomic Kitten „Whole again“, изменета за да ги велича Саутгејт и тимот на Англија.

Полицаецот веројатно ништо не разбрал, но се виде дека му е малку непријатно, иако се насмевна во еден момент.

Интересно е што целата сцена ја снимил и колега на германскиот полицаец кој се гледа на видеото во позадина.

„Не е ни чудо што Англија нема да освои ништо, со оглед дека Саутгејт работи две смени и како германски полицаец“, била една од шегите на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)

Англија со вистинскиот Саутгејт е во потрага по првата голема титула по децении, откако вторпат по ред стигна до финалето на ЕП.

Пред три години загубија од Италија на пенали во финалето, а овој пат до таму стигнаа со победа од 2:1 против Холандија во средата навечер. Головите за Англичаните ги дадоа Хари Кејн од пенал во 18. минута и Оли Воткинс во 91. додека единствениот гол за Холанѓаните го постигна Чави Симонс во седмата минута.

Во финалето Англија ја чека селекцијата на Шпанија, која беше подобра од репрезентацијата на Франција со 2:1.

Слични содржини