🎥Сиднеј и Окленд ја дочекаа Новата година со спектакуларен огномет

од Vladimir Zorba
942 прегледи

Австралија, Нов Зеланд и Пацификот ја дочекаа новата 2024 година со спектакуларен огномет и големи прослави.

Во Сиднеј, голем огномет го осветли небото над познатата Oпера и мостот Харбор.

Според организаторите, само во пристаништето биле истрелани над 13.500 ракети.

Беа прикажани и светлосни проекции генерирани од вештачката интелигенција.

Беа осветлени и знаменитостите во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд. Огнометот ја осветли Скај Тауер, а гледачите исто така уживаа во ласерско светло и анимирано шоу синхронизирано со други знаменитости, вклучувајќи го и пристанишниот мост.

Огнометот од пет минути и 30 секунди во кулата Скај, највисоката на јужната хемисфера, започна со проекција на последните 10 секунди од 2023 година во основата на кулата, по што беа испукани 500 килограми пиротехнички средства.

Слични содржини