🎥Србите хит на интернет: Пијани ги земаа медалите, а прославија и со „Македонско девојче“

од Nikola Popovski
157 прегледи

Српските кошаркари го освоија бронзениот медал откако во мечот за третото место ја совладаа Германија. Играчите знаеја добро да прослават, па по вчерашниот меч завршиле во кафуле во Париз каде пееле и се забавувале.

Очигледно расположението било на високо ниво, а најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ бил предводникот. Покрај репертоарот српски песни, се појави и снимка на која Јокиќ, качен на столче и дружината ја пеат песната „Македонско девојче“.

Прославата траела десетина часа, па кошаркарите од пиење се вратиле во салата во Берси за да ги примат медалите. На свеченоста се чинело дека речиси никој не пристигнал трезен.

Тоа го забележале и навивачите кои го следеа доделувањето на медалите. „Никогаш не сум видел попијан тим“, „Србите едвај стојат на нозе“, „Толку се пијани што не можат ни медали да им дадат“, „Едвај се качија на подиумот“, „Мртви пијани и сите зачудено ги гледаат“, „Каков тим! Ова се победниците“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Слични содржини