🎥Стефковски се пофали дека се рушела дивоградба во Гази Баба уште во 5 часот наутро

Градоначалникот е дециден дека, како што вели, нема место за урбаната мафија во Гази Баба

од Nikola Popovski
39 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Бобан Стефковски

Уште од рани зори, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се пофали дека се руши дивоградба на територија на неговата општина. Како што стои во објавата на Стефковски, рушењето почнало во 5 часот утринава.

Градоначалникот е дециден дека, како што вели, нема место за урбаната мафија во Гази Баба.

„Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект! Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР“, објави тој.