Видео со страшни сцени од кафуле во Гостивар кружи по социјалните мрежи. Според објавата, се прикажува момент на пукање со пиштол, при што јасно се слушаат четири истрели.
Инцидентот се случил синоќа. Според видеото, може да се види физичка пресметка меѓу две лица и голем број гости во кафулето. Во моментот на тепачката, едно од двете лица се обидува да извади пиштол.
Како што се наведува во видеото, според неофицијални информации, осомничен е 17-годишник со германски пасош, кој се товари за загрозување на општата безбедност и нелегално поседување оружје.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денот од страна на надлежните институции и служби.