Тешки сцени и траорна атмосфера на протестот во Кочани по смртта на 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“. Таткото на едно од починатите момчиња не можеше да ја скрие тагата и револтот по вчерашниот кобен ден за неговиот син. Тој со солзи и лелек го искажа својот револт кон трагедијата и побара одговорност.
-Господе казни ги. Ни изгореа ко глувци, златни деца. Нека дојдат нека ме утепаат. Не се плашете кажете ја вистината. Не се плашете луѓе. Само со вистина, ќе ја кажеме вистината. Не се бојте. Фашисти се, рече таткото, држејќи ја фотографијата од својот починат син.
Истовремено додека трае протестот, дел од насобраните граѓани и претежно млади лица, го демолираа кафе барот „Класик“во центарот на Кочани, кој исто така е во сопственост на дискотеката „Пулс“. Моментално има и тензии пред зградата на општината Кочани каде луѓето фрлаат со камења и го бараат градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор од канцелариите.