🎥Тен Хaг не одговори на прашањето за најлошиот пласман на Манчестер јунајтед во ПЛ

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не ги задржуваше нервите по ремито 2:2 со Борнмаут. Тој предвреме ја напушти прес-конференцијата по натпреварот, одбивајќи да одговори на прашањето дали „црвените ѓаволи“ ќе го забележат својот најнизок финиш од почетокот на Премиер лигата. На почетокот, тој дури демонстрираше оптимизам дека неговиот тим има уште шанси за топ 4, колку и да се илузорни.

„Не, не, не, не би рекол дека е готово. Ќе направиме што можеме, но мораме да бидеме реални. Кога ќе го имам целиот мој тим, можам да верувам. Но, во моментов со луѓето што ги имам, тешко е – гледате каква е дефанзивната ситуација, тоа кажува сè. Знаеме што се очекува од нас. Хари Мегваер се мачеше во првото полувреме, но не можев да го заменам бидејќи немаме повеќе здрави дефанзивци. Во првото полувреме Борнмаут беше подобар, но доброто е што покажавме дух и двапати се враќавме во игра. Во фудбалот сум долго време и можам да кажам дека бевме мотивирани, но недоволно добро организирани“, изјави Тен Хаг.

Потоа дојде прашањето за евентуалниот најлош пласман на тимот, на што Холанѓанецот кратко одговори: „Не сакам да го коментирам тоа бидејќи не е важно во моментов“. Тој веднаш стана и ја напушти салата за прес-конференции.

Слични содржини