🎥Тепачка во Српскиот парламент – летаат јајца, фрлена димна бомба

од Даниел Ѓорѓиевски
185 прегледи

Жесток хаос во моментов владее во Собранието на Србија, каде пратениците од опозицијата фрлиле димни бомби и јајца по пратениците од владејачката коалиција. Дошло и до физичка пресметка меѓу народните избраници.

Околу час и половина по почетокот на седницата настанал хаос кога тамошната опозиција станала од собраниските клупи.

Почнало да се фрла со димни бомби и јајца кон пратениците на владејачката коалиција. Иако засега не е јасно кој се тепа меѓу собраните пратеници, јасно е дека голем дел од нив се на нозе, како што може да се види од преносот во живо од тамошното Собрание.

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, ги повика пратениците да се вратат во своите места. Дел од нив држат марамчиња преку уста поради чадот од димните бомби.

Во продолжение, во живо погледнете што се се случува на денешната седница на Српскиот парламент.

Седницата почнала во 10 часот во Народното собрание, со интонирање на националната химна, но инцидентите се случиле нешто по 11 часот.

Слични содржини