🎥Трендафилов сподели видео од Стојаноска – додека била во опозиција ги поддржала ССМ за поголеми плати

„Тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите и затоа ќе им се случува ова што ќе им се случува“, порачала пратеничката пред четири години

од Nikola Popovski
171 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов сподели телевизиски прилог од пред неколку години на кои може да се види како пратеничката Дафина Стојаноска дава поддршка на тогашното раководство на синдикатите кои бараа зголемени плати во јавниот сектор. Во видеото може да се слушне дел од обраќањето на Стојаноска, која и пред четири години беше пратеничка, само во опозиција, во кое ги поддржува барањата на ССМ.

На протестот, покрај Стојаноска, може да се забележи и присуството на нејзините колеги, Бојан Стојаноски и Тони Јаревски, но и останати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од тогашниот пратенички состав.

Фото: Принтскрин

Трендафилов во својата објава истакнува: „Тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите и затоа ќе им се случува ова што ќе им се случува“. Тој притоа објавува и транскрипт од тогашниот говор на Стојаноска пред синдикалците кои протестираат:

„Ветувањата ќе мора еден ден да ги реализираат, тој ден не да доаѓа туку е поминат, нема бегање од тоа, нивна е одговорноста, тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите затоа ќе им се случува ова што ќе им се случува и го превзедовме целиот тој ризик свесни дека можеби ова наше доаѓање тука ќе го протолкуваат како политизирање на вашиот настан што апсолутно го демантираме бидејќи ние сме претставници на народот“, вели Стојаноска во видеото.

Страстите меѓу лидерот на синдикалците и пратеничката зовреа откако Стојаноска на нејзиниот Фејсбук-профил објави видео, а во описот вели дека Трендафилов со службено возило на ССМ обавува приватни обврски. Притоа во видеото се прикажува како Трендафилов со неговите две деца влегува во автомобил.