Маркет во населбата Црниче бил жртва на филмски грабеж. Крадците ги демолирале влезните врати и излозите со помош на автомобил.
Според видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи возило и лица кои се обидуваат да го одземат сефот од маркетот. Тие успеваат да го стават сефот во багажникот и тргнуваат да бегаат, но по пат сефот им паѓа, па се враќаат и повторно го подигнуваат внатре во возилото со црвена боја.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024
Според снимката, станува збор за четири лица. Алармот на маркетот бил вклучен при грабежот.
-На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен на МВР.
Сторителите се уште не се фатени.