🎥Вака изгледа кога ќе постигнете 6 поени за 6 секунди, а потоа ќе го шокирате противникот од центар со звукот на сирената!

од Nikola Popovski
70 прегледи

Поледните 12,6 секунди од натпреварот помеѓу Чикаго и Лос Анџелес Лејкерс веројатно со децении ќе се прераскажуваат како еден од најшокантните враќања и пресврти.

Лејкерси водеа со плусн18 во последната четвртина, а потоа имаа плус 5 на споменатите 12,6 секунди до крајот, па за само шест секунди да примат две тројки и да се најдат во лоша ситуација.

И после тоа некако успеаја да се извлечат и да стигнат до водство на 3,3 секунди до крајот, пред бекот на Чикаго, Џош Гиди да ги шокира од половина терен.

Леброн Џејмс беше една од трагичните фигури, кој претходно ја загуби топката, по што Булси поведоа со 116:115, а Гиди потоа го уфрли победничкиот кош.

Како изгледаше сето тоа, тие најлуди 12,6 секунди, можете да погледнете подолу:

Слични содржини