🎥Зеленски објави детали: „Нашиот ненормален сосед лансираше сосема нов тип ракета“

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Киев утрово објави дека Русија ја истрелала првата интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) кон Украина. Асошиејтед прес набрзо потврди дека тоа ќе биде првпат таков тип на проектил да се користи во војната во Украина. Москва не даде никакви најави, а портпаролите на Кремљ немаа коментар на медиумските истраги за нападот на Украина утринава.

Следеа часови на неизвесност додека медиумите се обидуваа да потврдат дали била користена или не интерконтинентална балистичка ракета. Сите дилеми на крајот ги разреши украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој објави дека Русија употребила нов тип на ракета.

Зеленски рече дека Русија употребила нов тип на ракета во денешниот напад. „Нашиот ненормален сосед денеска уште еднаш покажа кој е навистина и како ги презира достоинството, слободата и воопшто човечкиот живот“, рече Зеленски.

„Тој толку се плаши што веќе користи нови проектили“, продолжи тој.

Објасни дека проектилот е од руско потекло и ги има сите карактеристики на ICBM, како што се брзината и висината што ја достигнува. Тој рече и дека е покрената истрага за да се утврди за која точно ракета се работи.

Непосредно пред неговата изјава, Петер Стано, портпарол на службата за надворешни работи на Европската унија, рече дека употребата на ICBM ќе значи јасна ескалација на конфликтот на страната на Путин.

„Тоа би била квалитативна и квантитативна промена во војната“, рече тој.

Слични содржини