🎥📸Еди Рама ја изненади Мелони со песна и роденденски подарок

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама во средата и подари шал на својата италијанска колешка Џорџија Мелони и и отпеа роденденска песна за да го прослави нејзиниот 48-ми роденден.

Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на едно колено за да го предаде подарокот и пееше „tanti auguri“ (среќен роденден) додека двајцата лидери присуствуваа на Светскиот самит за енергијата на иднината во Абу Даби.

Лесниот шал е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија, и објасни Рама на Мелони.

Двајцата лидери имаат добри работни односи и покрај нивните спротивставени политички убедувања – Мелони ги предводи десничарските Браќа од Италија, додека Рама ја предводи Албанската социјалистичка партија.

Слични содржини