📊 Повторно жежок период – температурите ќе се искачуваат до 39 степени

од desk2
16 прегледи

Времето во земјава од сабота па до среда ќе биде сончево, со високи дневни температури, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

За сабота се прогнозирани минимални температури од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневните температури ќе се движат од 31 до 39 степени.

Такак ќе биде и во следните денови, со благ пораст на најниските дневни температури, па веќе во вторникот најниската таква температура би требало да биде 33 степени.