📊Ериксен предводи интересно рангирање на УЕФА ЕУРО 2024 година

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Кристијан Ериксен е лидер на Евро 2024 по голови создадени по одигрувањето на натпреварите од групната фаза.

На три натпревари, играчот за врска на данската репрезентација се истакна со 13 шанси за соиграчите. По него следуваат Белгиецот Кевин де Бруин (11) и турскиот дефанзивец Ферди Кадиоглу (10).

Топ 10 ја комплетираат Тони Крос и Џошуа Кимих (Германија) – по 9, Коди Гакпо (Холандија), Кристијан Аслани (Албанија) и Владимир Цуфал (Чешка) – по 8, Џереми Доку (Белгија) и Лукаш Хараслин (Словачка). ) – по 7.

Слични содржини