📷 Драма во струшко – планинарење што замалку не заврши трагично – жена заглави поради повреда на скочен зглоб, па МВР со хеликоптер слета и ја спаси

од desk4
43 прегледи

Жена која се повредила додека планинарела на планината Јабланица, во близина на Струга, беше успешно спасена денеска со хеликоптерска акција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за планинарка која го повредила скочниот зглоб и не можела самостојно да се движи. По добиена пријава, од Хеликоптерската единица на МВР веднаш бил активиран спасувачки тим, заедно со припадници на специјалната единица „Тигар“.

По прецизно утврдување на нејзината локација, таа била безбедно подигната и евакуирана со хеликоптер. Жената е пренесена до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, каде ја презела Итната медицинска помош за понатамошен транспорт и лекарска интервенција.

Навремената реакција и координацијата на службите овозможија повредената планинарка брзо да биде извлечена од тешко пристапниот терен и да добие соодветна помош.