📷 Лазаров: Запалени куќата и станот на Зоки Фаци – таткото на внуците осомничен за насилство и закани

од Љубиша Владимиров
7,5K прегледи

Утринава во Скопје за малку беше избегната голема трагедија, откако биле подметнати два пожари – еден во семејната куќа на покојниот Зоран Фаци во Катланово и друг во станот во Ново Лисиче, каде што сега живеат неговите внуци и сестра. За среќа, благодарение на брзата реакција на соседите, пожарот во станбената зграда, која се наоѓа во близина на основното училиште „Лазо Ангеловски“, бил навреме изгаснат, спречувајќи потенцијална катастрофа.

Според информациите што ги сподели Стефан Лазаров, пожарите биле подметнати од таткото на децата – зетот на Зоран Фаци. Како што вели Лазаров, осомничениот подолг период ги малтретирал членовите на семејството, упатувал закани по живот, бил хроничен алкохоличар и повеќепати бил пријавуван за семејно насилство. Постојат и докази за претходни насилни инциденти и закани.

Во моментот кога семејството било на пат кон Катланово, осомничениот повторно им се јавил и им се заканил дека ќе го запали и станот во Ново Лисиче – што, според Лазаров, тоа и го сторил. Осомничениот е уапсен и вечерва во 21:00 часот треба да се појави пред судија на распит. Лазаров апелира до сите медиуми и надлежни институции да извршат притисок за да се обезбеди соодветна правна санкција и заштита на семејството, кое со месеци живее во страв и неизвесност.

Слични содржини