📷 Неидентификуван чад на Скопска Црна Гора зад каменоломот кај Бањани

од Љубиша Владимиров
97 прегледи

Граѓани од околината на Скопска Црна Гора пријавуваат појава на густ чад во реонот над селото Бањани, лоциран зад локалниот каменолом. Засега нема официјална потврда од надлежните институции за причината на чадот, ниту дали станува збор за пожар или друг вид инцидент.

Очевидци велат дека чадот се забележува од поголема далечина и дека се шири кон повисоките делови на планината. Местото каде што чадот се појавува е релативно тешко достапно, што може да ја отежни евентуалната интервенција на противпожарните екипи.

Локалното население е загрижено, особено поради можноста од проширување на евентуален шумски пожар, со оглед на сувите услови и ниската влажност на воздухот во изминативе денови. Се очекува официјална реакција и соопштение од Центарот за управување со кризи, Противпожарната служба или други релевантни институции.

Слични содржини