Шведскиот актер Долф Лундгрен (67) е фотографиран во Лос Анџелес со сопругата и ќерката.
Долф ручал со сопругата Ема Крокдал (28) и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс. Друштвото беше во добро расположение.
Сите беа во лежерни модни комбинации. Долф носеше фармерки и црна маичка, над која носеше кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носеше фармерки и црна маичка, а аутфитот го комплетираше со кафеав кардиган.
Dolph Lundgren, 67, spotted on rare outing in Los Angeles with wife and daughter, who are both 28 https://t.co/xFKUht6nwK pic.twitter.com/CwmyBFAesm
— Page Six (@PageSix) March 29, 2025
Во опуштени варијации беа и ќерките на Долф.
Биолошката мајка на Ајда и Грета, Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година, не беше со нив на средбата.
Долф се ожени со Ема во јули 2023 година во средината на неговата битка со ракот.