📷Кузеска објави документи: „Вистината за Кочани“ покажа дека фирмата и сопругата на Салтировски се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити

од Nikola Popovski
191 прегледи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска порача дека Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја.

Според Кузеска, која покажа и документи како дел од, како што ја нарекуваат „Вистината за Кочани 2“, согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево. Фирма чиј сопственик е сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита Салтировска.

-Освен донации од фирмата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево на списокот на донатори може да се најде и името на сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита која освен донации преку компанијата, вршела уплата на донации и од свое лично име. Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори на Македонската јавност е дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“?

Крстевски поднесе кривични против угостители од Кочани кои работат нерегуларно и се толерирани од институциите

Мицкоски за одговорноста за Кочани: Граѓаните на изборите ќе одлучат

* Дел од родителите не го сфаќаат обвинението за кочанската трагедија: „Одредени лица не се повикани на распит“

Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко? Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“?

Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси?

Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ, праша Кузеска на денешната прес-конференција.

Слични содржини