📷ЛЕГЕНДА ГО НАЛУТИ РЕАЛ: Познат фудбалер го прослави поразот на поранешниот клуб, а потоа се извини

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Фудбалерите на Бетис го совладаа Реал Мадрид со 2-1 во Ла Лига, а натпреварот го одбележа радоста на поранешниот ас на Реал Мадрид, Иско. Сега проговори и објасни зошто бил толку среќен.

Поранешниот играч на Реал Мадрид беше прогласен за играч на натпреварот и постигна гол од пенал за 2-1 во 54. минута, по што тргна да слави со сопругата. Тој се огласи веднаш по натпреварот и им се извини на навивачите на својот поранешен клуб.

– Им се извинувам на навивачите на Реал Мадрид што го прославив голот. Направив и гест кон нив бидејќи сум благодарен што ми помогнаа да ги остварам соништата што ги има секое дете. Реал Мадрид е секогаш во моето срце“, изјави Иско по натпреварот.

Тој објасни дека тоа е направено за филм што го снима.

– Да, мојата сопруга беше на натпреварот. Снимаме краток документарен филм за тоа како се опоравив од повредата и се вратив на теренот, додаде тој.

Иско за девет сезони во Реал Мадрид одигра 353 натпревари и постигна 53 гола. Тој беше редовен дел од составот на тимот за време на нивните три последователни победи во Лигата на шампионите од 2016 до 2018 година.

Слични содржини