📷Лежерен изглед: Салма Хајек во модна комбинација во која ретко ја гледаме

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Актерката Салма Хајек редовно е ѕвезда на црвениот тепих, но фотографите ја „уловија“ на враќање од филмскиот сет во Грција, каде работеше на нејзиниот нов филм, во сосема нетипичен за неа стајлинг.

Темнокосата убавица, позната и по своите гламурозни стилови на свечените настани, овој пат беше облечена во нешто сосема поинакво.

Актерката, која се прослави со улогите во филмовите како „Фрида“ и „Од самрак до зори“, посегна по удобен стајлинг за патувањето.

Таа комбинираше удобен сив џемпер од тенка плетка со панталони и бели патики и создаде фантастичен аутфит идеален за секојдневни пригоди.

Како модни додатоци овојпат таа избра очила за сонце со големи рамки и впечатлив детаљ – сива т.н. „paper boy“ шапка.

Слични содржини