15
Манчестер Јунајтед денеска и официјално потврди дека ќе започне со изградба на нов стадион, кој ќе ја заокружи приказната за култниот Олд Трафорд по долги 115 години.
Гигантите од Манчестер потврдија дека ќе градат нов стадион во близина на „Олд Трафорд“. Стадионот ќе има 100.000 седишта, а неговата изградба ќе чини повеќе од две милијарди евра.
Еден од сопствениците на клубот, Џим Ретклиф, потврди дека го сака „најголемиот фудбалски стадион во светот“, а клубот се надева дека ќе го заврши во рок од пет години.
Одлуката е донесена по обемниот процес на консултации за тоа дали да се реновира „Олд Трафорд“ или ќе се продолжи со изградба на нов стадион. На крајот беше одлучено да се изгради нов стадион недалеку од „Олд Трафорд“.