📷Попов објави документ: УМС најавиле дека ќе користат пиротехника

од Nikola Popovski
19 прегледи

Пратеникот и лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов објави документ, според кој подмладокот на најголемата владеачка партија уредно побарале користење на пиротехника на отворено.

„Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате, затоа сте младина сведена на статистичка грешка.

P.S. Штета, паметам времиња кога СДММ беше подмладок за почит“, стои во објавата на Попов.

Преходно СДСМ односно социјалдемократската младина обвини дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ користела пиротехника без дозвола.

,,Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства”, прашаа од СДММ на партиска пред конференција.

Препирките меѓу партиите следат по трагедијата во Кочани, каде употреба на пиротехнички средства на концерт на групата ДНК, предизвика пожар во која загинаа 62 лица, а 200 беа повредени.