656
Пожар на просторот во Универзалната сала. Како што може да се види од добиените фотографии, гори кровната конструкција.
На терен се екипи на Скопската противпожарна бригада, како и полициски возила.
Засега нема информации за повредени лица. Повеќе детали за причините за пожарот се очекуваат во текот на денот.
Поради огнената стихија, затворен е булеварот „Партизански одреди“. Полицијата го пренасочува сообраќајот кај Соборниот храм.
Од неодамна продолжи реконструкцијата на салата која беше стопирана пред две години, по доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска. Градежна механизација почна да работи на расчистување на просторот.
Обновата на концертната сала ја презема Министерството за култура.
Фото/Видео: Локално