Следното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. А Мундијалот во 2030 година во Мароко, Шпанија и Португалија! Така, додека течат подготовките за планетарниот спектакл во 2026 година, започнаа подготовките и за фудбалскиот турнир што следува по шест години. Така Мароко ја објави макетата на стадионот што се гради, а кој ќе биде најголем во светот!
Во Мароко се појавува фудбалски стадион со капацитет од 115.500 седишта. Гламурозниот објект ќе се наоѓа во Бенслиман, град на 40 километри од Казабланка.
Дизајнот е откриен – ќе биде украсен со контурите на мароканската култура и историското минато на земјата. Ќе има проѕирна кровна конструкција налик на шатор, поддржана од аголни столбови, што создава драматичен ефект во контраст на природниот пејзаж.
Меѓу другото, стадионот ќе биде изграден од материјали со ниска содржина на јаглерод, што значи дека ќе биде енергетски поефикасен за 45-60 проценти од кое било друге здание. Истовремено, ќе може да издржи екстремни временски услови и силни налети на ветер.