📷Снимена во Лос Анџелес: Пропаднатата холивудска ѕвезда се прошета во лежерна облека

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Американската актерка Аманда Бајнс (38), некогаш омилена детска и тинејџерска ѕвезда која глумеше во популарните филмови како „Таа е најдобрата“ и „Сè што може да посака една девојка“, деновиве беше фотографирана додека се шета низ Лос Анџелес.

Таа носеше бела маица, сиви хулахопки и ранец на грбот.

Имено, Аманда се соочила со тежок период во животот, кога станала зависна од алкохол и дрога, што резултирало со драстична промена во нејзиниот изглед. Бајнс неколку пати била на клиника за рехабилитација, а сега тврди дека ја надминала зависноста.

„Не изгледам добро на сликите на папараците, а тоа е затоа што тие се направени надвор, а сончевата светлина обично е силна и груба на мојата кожа“, рече еднаш Аманда, додавајќи дека различната светлина може „да фрли лоши сенки на нејзиното лице“.

„Исто така, имам лузни на десната страна од моето лице. Не можете навистина да ги видите освен ако не ги погледнете под силна светлина. Сигурна сум дека луѓето го виделе тоа на фотографиите од папараците. Значи, тоа е тајната на мојот изглед – Се обидувам да го најдам најдоброто светло“, објасни таа.

Во 2012 година била уапсена поради возење под дејство на опијати, а следната година била пронајдена како пуши марихуана во фоајето на зградата во која живеела. Подоцна истата година подметнала пожар пред куќата на непознати лица, поради што била ставена под старателство.

После девет години, судот минатата година одлучи дека таа е способна да се грижи за себе и го прекина старателството.

Слични содржини