Седум дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 млади луѓе, а меѓу нив и Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК, неговата сопруга Наталија јавно ја сподели болката преку трогателен момент со нивната ќеркичка. Таа сподели дел од разговорот со нејзината ќеркичка Јана чија изјава допира длабоко до срцето.
„Мамо, сакам да бидам дома, зашто ЈАС ти требам тебе… А и ти ми требаш мене…“ Со тага, таа додаде: „Јана за 7 дена порасна како за 7 години.“
Претходно Наталија објавуваше дека е лажна веста дека бендот ја донел пиротехниката во дискотеката во Кочани.
-Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите…, порача меѓу другото сопругата на Андреј во една од нејзините објави на социјалните мрежи.