На страницата на Инстаграм Geo kutak беше споделена интересна мапа на која се гледа кои всушност се најголемите пивопијци во регионот.
Страницата Geo kutak секојдневно споделува интересни податоци и инфографици за географски податоци во светот.
Меѓу последните објави на оваа страница е мапа на која се прикажани најголемите „пијачи“ на пиво во регионот.
„Бидејќи во наредните денови најверојатно ќе се испие најмалку половина од годишниот просек, моментот е погоден за оваа мапа“, наведуваат во соопштението.
На мапата е прикажан бројот на испиени литри по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се пие 72,1 литар пиво по жител.
На второ место е Словенија, каде во просек се пијат 69,7 литри годишно по жител. Следна е Црна Гора со 67,4 литри во просек.
На четврто место е Босна и Херцеговина со 63,7 литри по жител. Србија е претпоследна со 62,2 литри по жител, а убедливо најмалку пиво во регионот пијат Македонците кои просечно пијат само 33,5 литри годишно.