464
Актерката Бергузар Корел го толкуваше ликот на Шехерезада во турската серија „1001 ноќ“.
Корел се прослави благодарение на серијата „1001 ноќ“ која се емитуваше во 2009 година и која постигна голема популарност во регионот.
Благодарение на оваа серија, таа ја најде и својата сродна душа, а таа и колегата и сопруг Халит Ергенч, кого го паметиме како Сулејман Величествениот, неодамна станаа родители по трет пат.
Корел и нејзиниот сопруг беа главните ликови на популарната турска серија, тие се вљубија на снимањето и решија да ги напуштат тогашните партнери за да бидат заедно.
Тие се во брак од 2009 година и имаат три деца – синовите Али и Хан и ќерката Лејла.