📸 Зеленски ги посети војниците на првите линии на фронтот

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети североисточниот сектор на линијата на фронтот каде што се сретна со војниците кои се борат против инвазивните руски сили, објави неговиот кабинет, пренесува „Ројтерс“.

Зеленски го посети командното место на бригадата која го брани Купјанск, град кој е цел на засилени руски напади од средината на есента.

Градот беше ослободен од украинските сили во 2022 година по првичната окупација од страна на руските трупи по инвазијата на 24 февруари истата година.

Киев вели дека Москва не се откажала од идејата да ја врати контролата врз Купјанск, кој е во близина на вториот по големина град во Украина, Харков.

За време на посетата Зеленски разговарал со командантот на бригадата за набавка на опрема и муниција во секторот. Тој им додели и награди на ветераните, соопштија од неговиот кабинет.

По неуспешната украинска контраофанзива во 2023 година, руските трупи ја засилија својата офанзива долж линијата на источниот фронт.

Украина во текот на викендот објави дека ги повлекла своите војници од разурнатиот источен град Авдијевка за да избегне повеќе жртви. Заземањето на Авдијивка ја означи најголемата победа на Русија на бојното поле од заземањето на Бахмут во мај 2023 година.

Слични содржини