📸Беше голема ѕвезда и заработи милиони, а многумина беа шокирани кога видоа каде работи денес

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Жереми Матју (41), поранешен дефанзивец на Барселона и поранешен француски репрезентативец, реши да направи целосен пресврт по блескавата фудбалска кариера. Французинот, кој со каталонскиот гигант ја освои Лигата на шампионите и две титули во Ла Лига, моментално работи во Интерспорт, познат ланец на продавници за спортска опрема.

Фотографијата која неодамна стана вирална на социјалните мрежи го покажува Матју на работа, што предизвика сомнеж за нејзината автентичност. Сепак, француските медиуми, меѓу кои и угледниот L’Équipe, потврдија дека се работи за вистинска приказна. Матју е вработен во филијала лоцирана помеѓу Екс-ан-Прованс и Марсеј, каде што работи како еден од менаџерите на фудбалскиот оддел. Откако веста протече во јавноста, продавницата наводно била преплавена со повици од љубопитни клиенти и обожаватели.

Матју ја заврши својата професионална кариера во 2020 година. За време на неговите години во Барселона, тој освои бројни трофеи, меѓу кои Лигата на шампионите и шпанското првенство. Играше и за Сошо, Тулуз, Валенсија и Спортинг Лисабон.

Во Барселона, според пишувањата на медиумите, тој заработувал меѓу 115 и 120 илјади евра неделно. Не е познато колкава е неговата моментална плата во Интерспорт, но покрај новата работа, Матју посетува и тренерска школа, што очигледно значи дека планира да остане вклучен во фудбалот и во иднина.

Слични содржини