260
Од денеска бесплатен хеликоптерски транспорт за најитните случаи.
Правиме еден значаен исчекор за нашите граѓани, за заштита на пациентите и за осовременување и усовршување на здравствениот систем, порача денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Хеликоптерот има медицинска опрема за воздушен транспорт, а ГОБ 8 Септември ќе овозможува искусен стручен тим за придружба на пациентот.
„На овој начин овозможуваме подобра заштита, но и побрз транспорт на пациентите до здравствените установи. Заложбата на Министерството за здравство даде резултат! “, сподели тој.