📸Бјанка Ценсори изненади со необична (за неа) модна комбинација

од Vladimir Zorba
467 прегледи

Бјанка Ценсори и Канје Вест беа фотографирани од папараците во Лос Анџелес. Бјанка, која неодамна ја изненадува јавноста со разголените комбинации, овој пат не беше целосно гола.

Познатиот пар е виден на ручек во Шато Мармонт, а Бјанка Ценсори носеше проѕирен горен дел кој служеше и како здолниште, бели најлонки, црни потпетици и беж капа за оваа пригода.

Оскудните комбинациина Бјанка често го привлекуваат вниманието на јавноста. Поради оваа причина, угостителите одлучија да им забранат на Бјанка и славниот рапер да влегуваат во нивните ресторани поради нејзините избори.

„Ако јас сум сопственик на кој било објект во кој има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам од почит кон моите гости дека не смеат да влезат“, рече еден угостител, а многумина се согласија со него.

Неодамна беше видена како излегува од салон за убавина во проѕирна маица на која и се гледаат брадавиците.

Странските медиуми пишуваа дека таа може да биде казнета во Калифорнија затоа што се облекува така.

Слични содржини