Се уште беснеат пожарите низ Македонија, активни три пожари.
Како што инфомираат од Центарот за управување со кризи, активни се три пожари во земјава и тоа во општините Василево, Прилеп и Кавадарци.
Еден е под контрола, а 24 се изгаснати. Најзагрозени подрачја се малешевските планини, околината на Прилеп и просторот меѓу селата Галиште и Ќесендре.
Интервенциите се отежнати поради непристапен терен и опасност од детонации. Во гаснењето вчера „Блек хок“ хеликоптерот интервенираше од воздух, поддржан од копно од пожарникарите од Словенија.
„Блек хок“ – чувар на природата во екстремни температури
Овој хеликоптер првично е развиен како воен транспортен UH-60 „Блек Хок“, произведен од американската компанија Sikorsky Aircraft, денес има и значајна цивилна улога. Посебно место му припаѓа во мисиите за гасење пожари, каде што со својата брзина, издржливост и маневрирање се покажува како непроценливо средство.

Извор: Принтскрин/Јутјуб
Во оваа намена, „Блек Хок“ обично е опремен со надворешна вреќа за вода, позната како Bambi Bucket, која може да носи до 3.000 литри вода или пенливо средство за гасење.
Ова летало се истакнува со голема брзина (до 295 km/h), способност да стигне до најнепристапни терени, како и опрема за ноќно летање, што овозможува интервенции и по зајдисонце.

