📸Ева Лонгорија во минијатурно бикини привлече внимание во Шпанија: Облините и вајаното тело во преден план

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Американската актерка Ева Лонгорија моментално е на одмор во Шпанија, а социјалните мрежи ги пленија нејзините фотографии во минијатурен костим за капење.

Имено, Лонгорија беше „уловена“ на плажа во дводелен костим за капење, со прилично минијатурен горен дел. Парчето беше во леопардски принт, што е уште еден од најголемите модни трендови оваа година, и ја нагласуваше згодната фигура на 50-годишната актерка.

Ева ја носеше косата собрана во пунџа, а носеше и очила за сонце и златен ѓердан со привезок.

Посебен „додаток“ во изданието беа играчките на синот на актерката, Сантијаго, со кого си играше на плажа.

Додека Ева е на одмор во Шпанија, многумина се прашуваа зошто не присуствуваше на свадбата на нејзината пријателка Лорен Санчез и Џеф Безос во Италија, а кружеа гласини за конфликт.

Додека 55-годишната поранешна водителка и 61-годишниот милијардер од „Амазон“ се венчаа пред мноштво познати личности, 50-годишната Ева, исто така, привлече внимание во розов дводелен фустан на плажа со своето семејство. Според „Дејли меил“, Ева морала да ја пропушти забавата на милијардерот поради конфликт во распоредот – таа моментално ја снима својата документарна серија „Eva Longoria: Searching for France“ за Си-Ен-Ен.