📸Јованов користи мобилен во притвор, Пандов најави истрага

од Vladimir Zorba
2,4K прегледи

Мобилниот телефон на Васил Јованов, осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

Ова за „Слободен печат“ го изјавил директорот на Управата за извршување санкции – Александар Пандов.

Порталот „Буревесник“ попладнево објави фотографии од притворското одделение каде се гледа дека Јованов користи мобилен телефон.

Слични содржини