📸Кралот Чарлс за прв пат во животот седна на ручек, сите останаа шокирани кога видоа што има во чинијата

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Кралот Чарлс воведе нова рутина во своето секојдневие, како што открива „Дејли мејл“, британскиот монарх првпат во животот почнал да одвојува време за ручек, откако цел живот го прескокнувал средниот оброк, наводно сметајќи го за луксуз. На интернет се шират фотографии од неговиот наводно прв ручек, а Британците одат чекор понатаму тврдејќи дека тоа е „историски момент“.

Кралот Чарлс, исто така, тврдеше дека нема доволно време во неговиот напорен распоред за да си дозволи време за ручек.

По наредба на неговата сопруга, советник и лекар, тој неволно почнал да јаде среде бел ден за да има доволно енергија. Кралот Чарлс, кој закрепнува од рак, инсистира дека за ручек ја има најздравата, но и најмодерната ужина што постои.

„Тој ја прифати препораката да јаде нешто за време на ручек – ужина, всушност. Јаде половина авокадо за да му даде сила. Ова е многу важно, особено ако сте болни“, рекол изворот за Daily Mail.

Познато е дека кралот Чарлс се храни здраво, инсистира на органски произведена храна, а особено сака јајца. Тој пред три години за Би-Би-Си изјави дека два дена во неделата избегнува месо и риба, а во тие денови избегнува и млечни производи.

Минатата недела, посинокот на Чарлс, Том Паркер Боулс, критичар на храна, откри дека кралот има штедлив пристап кон подготовката на оброците.

„Сè се рециклира. Ако остане нешто, ќе се направи нешто друго или ќе се појави на менито следниот ден. Ништо не се фрла“, откри тој.

Во најновата книга за историјата на храната во кралското семејство, тој открива дека неговата мајка, кралицата Камила, јаде каша секој ден, а ручеките и се лесни – пилешка супа или чаден лосос – додека Чарлс јаде суво овошје и мед за појадок, и претпочита ручек попладне.

„Чајанките“ отсекогаш биле спектакл за нив. Сите се собираат, а на масата нема само колачи и слатки, туку и сендвичи. Можеби ќе добиете и поширани јајца“, откри Паркер Боулс.

Слични содржини