Нов случај на суровост кон животните беше забележан во близина на Крива Паланка, каде куче, врзано за автомобил, било влечено по пат.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како животното лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот.
Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено, а неговата здравствена состојба е стабилна.