📸Неверојатна фотографија од имотот на Том Хенкс во разурнатиот Лос Анџелес стана вирална

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Домот на актерот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, за чудо го избегна пожарот, па куќата од 26 милиони долари се уште стои, пренесува Page Six.

Неверојатната глетка е на фотографиите на кои се гледа како куќата на Хенкс, со четири спални соби и пет бањи, изгледа недопрена, додека над неа стои огромна палата која е уништена од пожар.

Додека Хенкс имал среќа со својот недвижен имот, истото не може да се каже за манекенката Парис Хилтон, телевизиските ѕвезди Хајди Монтаг и Спенсер Прат, актерот Адам Броди и други.

„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, претходно објави на социјалните мрежи Чет Хенкс, синот на актерските ѕвезди.

Инаку, Хенкс купил и куќа на плажа од 1.800 квадратни метри во Малибу во 1991 година. Не се знае дали се уште постои.

Слични содржини