📸Се смири најконтроверзниот пар во светот на фудбалот! Се разведоа, се изневеруваа, сега се повторно заедно

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди и инфлуенсерката Ванда Нара повторно се помирија. Откако се разведоа, па се помирија, па минатиот јули повторно раскинаа, сега љубовта повторно цвета.

Врската обележана со многу конфликти, изневерување од двете страни, дури и развод, сега добива нов епилог бидејќи Икарди повторно е во прегратките на занесната Ванда.

По само неколку месеци сфатиле дека не можат еден без друг, па се помириле и ја обновиле романсата, како што откри Икарди на социјалните мрежи.

Љубовта на Нара и Мауро започна кога фудбалерот на Галатасарај ја „киднапираше“ од нејзиниот голем пријател и поранешен соиграч Макси Лопес.

Од тој момент до денес тие се тема на бројни таблоиди каде и да игра Икарди. Од Милано, преку Париз до Истанбул и Буенос Аирес.

Слични содржини