41
Во неделата, Касемиро беше прогласен за виновник број 1 во поразот на Манчестер Јунајтед од Ливерпул со 3-0 во дербито на колото во Англија. Искусниот Бразилец поради серија грешки беше изваден од игра на полувремето.
По она што се случи и безбројните критики од фановите на социјалните мрежи кои следеа, неговата сопруга реши да го брани. Ана Маријана Касемиро го направи ова со фотографија како приказна на Инстаграм. Ја прикажа огромната лична колекција на трофеи на Бразилецот. Касемиро има 22 пехари, меѓу кои се издвојуваат пет од Лигата на шампионите.
32-годишниот играч од средниот ред има два трофеи со Манчестер Јунајтед – ФА Купот во 2024 година и Лига купот во 2023 година. Неговиот договор со клубот трае до летото 2026 година.