📸Жота почина само 10 дена по свадбата, Португалецот остави зад себе три деца

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Утрово, од Шпанија пристигна ужасна вест дека напаѓачот на Ливерпул и португалскиот репрезентативец Диого Жота починал на 28-годишна возраст во сообраќајна несреќа што се случи во западна Шпанија.

Жота почина само десет дена откако организираше свадба и се ожени со својата долгогодишна партнерка Руте Кардосо.

На 22 јуни, Португалецот се ожени со својата девојка која ги роди и неговите три деца.

„22 јуни 2025 година. Да, засекогаш“, напишаа Руте и Диого на Инстаграм во заедничка објава каде споделија фотографии од свадбата.

Нивното најстаро дете е момче родено во 2021 година, едно дете е родено во 2023 година, додека нивното последно бебе е родено на 26 ноември 2024 година и е ќерка.

Тие беа во врска повеќе од десет години, долго пред да започне професионалната фудбалска кариера на португалскиот напаѓач.

Жота е играч на Ливерпул од 2020 година и одигра 49 натпревари за Португалија и постигна 14 гола.

Двапати ја освои Лигата на нации со Португалија, а со Ливерпул ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Лига Купот.

Слични содржини