📸🎥Халанд стана лик во позната видео игра

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, играчот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (23), игра нешто послаба сезона од лани и неодамна беше мета на критики, пред се од поранешните играчи кои денес ги анализираат натпреварите за ТВ куќите. Но, тоа е само показател за неверојатните стандарди кои норвешкиот напаѓач си ги постави за себе, бидејќи моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата со 21 гол на своето име, а оваа сезона има постигнато вкупно 32 гола на 40 настапи во сите натпреварувања.

Вредноста на Халанд за Манчестер Сити, со кого има договор до 2027 година, не е само на теренот, туку Норвежанецот е еден од најпопуларните фудбалери во светот, а неговиот маркетиншки потенцијал е огромен, што покажува и веста дека оваа недела Халанд станува лик што може да се игра во видео играта „Clash of Clans“.

Ова е прв пат во играта да се додаде вистинска личност, а Халанд ќе стане ликот на „Варварскиот крал“ во текот на месец мај.

Играчите на „Clash“ ќе можат да го регрутираат норвешкиот напаѓач или да упаднат во неговото село и да го уништат за да можат и навивачите на ривалите на Сити да ја најдат својата радост. Халанд играше „Clash of Clans“ повеќе од десет години контактираше со Supercell, финските програмери зад популарната игра за мобилни телефони, за да формираат партнерство.

Supercell, се разбира, ја искористи шансата. „Кога слушнавме дека Ерлинг Халанд е љубител на нашата игра и сака да биде партнер со нас, тоа навистина беше сценарио од соништата“, изјави Стјуарт Мекгау, генерален директор на Clash of Clans.

Халанд имал десет години кога првпат ја открил оваа игра, а активно учествува и денес.

„Јас сум голем обожавател на играта долго време и знам сè за неа, па затоа е навистина кул да се појавиш како лик во играта“, рече Халанд.

Слични содржини