📹 Смешна сцена во Софија: Трамвај извлекува автомобил што заглавил на пругата пред него

На видеото објавено на Фејсбук-страницата „Скиците на Софија“ се гледа дека сцената собрала многу сеирџии.

од desk2
51 прегледи

Смешна сцена можеа да видат софијанци вчеравечер: Трамвај мораше да извлекува автомобил што незнајно како, успеал да влезе на трамвајската пруга, оградена со огради.

На видеото објавено на Фејсбук-страницата „Скиците на Софија“ се гледа дека сцената собрала многу сеирџии. Многу поголем интерес предизвика на Фејсбук, каде има секакви коментари.

Инцидентот се случил во населбата Красно село, до булеварот „Цар Борис III“, каде трамвајската пруга е целосно оградена и подигната во однос и на булеварот и на улицата од другата страна.

Во коментарите на Фејсбук, покрај досетки, може да се прочитаат и толкувања како дошло до овој инцидент – дека честопати возачите прават прекршоци минувајќи по забранети правци, а од друга страна, сообраќајната сигнализација и ГПС-от често ги збунуваат шоферите да влезат во појасите за трамваите.

„Многу лоша регулација на движењето, сигнализација, итн. Речиси секоја седмица има кола на шините на барем една од раскрсниците по „Борис III“, објаснува еден корисник.

Слични содржини