Лука Дончиќ влезе во историјата на Лос Анџелес Лејкерс во убедливата победа против Њу Орлеанс Пеликанс (136:115) како само четврти играч во историјата на популарната франшиза со 30 поени и 15 скока.
Пред Лука, Џери Вест го направи тоа девет пати, Меџик Џонсон 22 пати, а Леброн Џејмс еднаш – против Далас во ноември 2019 година.
Незадоволен што судиите не му досудија прекршок, 26-годишниот Дончиќ го „почести“ судијата со сочна пцовка на српски јазик.
Еден од корисниците на Х го сподели видеото, напоменувајќи дека поранешниот играч на Далас и Реал Мадрид пцуе на словенечки, но друг брзо го поправи – истакнувајќи дека нема да преведува.
Што точно кажа, слушнете сами…
Luka cursed at the ref in Slovenian 🤣🤣 pic.twitter.com/2WBR18nyfB
— Lakers All Day Everyday (@LADEig) March 5, 2025
Ова не е прв пат Дончиќ да пцуе судии на српски јазик, а сетете се како изгледаше кога го носеше дресот на словенечката репрезентација.
Тогаш не остана неказнет, бидејќи судијата јасно разбра што му беше кажано …